Патник приземји мал авион, откако на пилотот му се слошило

Од:

Патник, кој немал никакво искуство со управување на авион, успеа да приземји мал авион на британски аеродром, откако на пилотот му се слошило.

Пилотот, кој бил еден од двете лица во авионот, починал набрзо откако авионот слетал. Засега не е соопштена причината за смртта на пилотот.

Од авионот бил испратен сигнал за вонредна ситуација, кусо пред тој да се се заврти кон аеродромот во Сандтофт, во североисточна Англија.

Од аеродромот успеале да му дадат инструкции на патникот, како да го преземе управувањето и да го приземји авионот. Бидејќи леталото при слетувањето неколку пати потскокнало и од предниот дел исфрлало искри, патникот подоцна се пошегувал дека тоа било „контролирано уривање“.

Тој изјавил дека на почетокот му било тешко да стигне до сопирачките и мислел дека нема да може да се справи со ситуацијата, но подоцна сепак успеал да го запре авионот.

 

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца