Обама ја предложи Џенет Јелен за претседател на Управата на федералните резерви

Од:

Претседателот на САД Барак Обама синоќа ја предложи Џенет Јелен за нов раководител на Управата на федералните резерви (ФЕД).

Обама нагласи дека таа е докажан лидер, кој знае како да изгради консензус за постигнување на целите на Федералните резерви за контролирање на инфлацијата и зголемување на вработеноста.

Истовремено, шефот на државата високо ја оцени работата на актулениот претседателот на ФЕД, Бен Барнанке, чиј мандат истекува кон крајот на јануари. Обама го нарече Бернанке „глас на мудроста“ во период на пазарна нестабилност, и човек кој помогна во заздравување на американската економија од нејзината најтешка рецесија по Големата депресија.

Обама го повика Сенатот да ја потврди Јелен што е можно побрзо. ДПА забележува дека ако номинацијата биде одобрена, Јелен ќе биде првата жена која ќе ја предводи ФЕД, која ја има улогата на централната банка на САД. Јелен (67) во моментов е заменик претседател на Управата на федералните резерви.

Би можело да ве интересира

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД