Двајца сириски бригадни генерали во текот на вчерашнио ден побегнаа во Турција, соопштија денеска извори во турското Министерство за надворешни работи.
Како што јавија турските медиуми, со овие две последни бегства бројот на сириски генерали што дезертираа во Турција од почетокот на судирите во Сирија се зголеми на 27.