Вчера ја доби Нобеловата награда заради тоа што пред 50 години ја решил една од најголемите загатки на модерната физика, а веќе денес, самиот станал загатка.
Нa денот кога конечно го доби толку очекуваното признание, Питер Хигс исчезнал без трага, пишуваат британските медиуми.
Организаторите за доделување на Нобеловата награда за физика признале дека никој не знае каде е професорот Хигс и дали воопшто знае дека ја добил наградата.
Според некои негови колеги, 84-годишниот професор заминал на планинарење вo шкотските шуми за да ја избегне „олујата“ од интерес кај јавноста.
– Не е достапен и тоа е добро за него. Ниту мене не ми кажа каде ќе оди- изјавил негов близок колега. Хигс е роден 1929 година во Њукасл. Бил талентиран ученик, кој одлучил да студира на Кингс колеџот во Лондон, откако ги одбил Оксфорд и Кембриџ како избор за „безработни богаташи“.