Шеќеринска: Срам да ви е и со посмртнини партиски уценувате

Од:

„И со посмртнините се игра партиска игра. Кажете кој добил на време исплата на посмртнина. За некои има пари, а друг ќе се малтретира до следните избори. Срам да ви е, се уценуваат луѓе за посмртнина“, вака Радмила Шеќеринска реагираше за измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ова е себична влада, а овој Закон е еден од „Замка законите“. Се вметнува едно позитивно и уште 5 катастрофални решенија со кои се кастрат правата на сегашните и идните пензионери. Од 2013 година идните пензионери ќе имаа скратени пензии. Законот предвидува еден основ за пензионирање.

Македонија ќе остане единствена во Европа со најрестриктивен систем. Маж со 65 години, а има 44 год стаж, ако ја загуби работата на 62 години ќе остане на цедило“, предупреди Шеќеринска.

Укажа на едно од решенијата, дека на 45 степени, пензионерите треба да поднесуваат потврди за живот, а рече Шеќеринска на избирачкиот список може и мртви души да има.

Праша зошто го нема министерот, туку жртвено јагне за непопуларното решение ќе биде замник министерот. Тој и реплицираше дека дискусијата не и држи вода. Кажа дека освен Франција секаде се зголемува старосната граница за пензионирање. Во Словенија ја намалуваат пензијата. Кај нас, рече не се намалуаваат пензиите.

Изет Зекири од партијата на Османи, укажа на кризата и дупката во пензинскиот фонд поради низата популистички мерки на владата. Се заложи, а доби подршка од опозицијата пензиите да не се усогласуваат на 6 месеци, туку тековно, како што се зголемуваат трошоците на живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски