(ВИДЕО) Котески: ДПМНЕ го потврди непотизмот во Битола

Од:

Пред десетина дена имав прес на кој го приложив записникот од 4-а седница на Советот на Општина Битола одржана на ден 03.06.2013 год од кој јасно се гледа дека после 9 години на владеење со градот под Пелистер самобендисаноста и ароганцијата на владејачкото мнозинство им дава за право да мислат дека, јавно на седница на совет може да зборуваат за фингирање на завршни сметки, за непотизам, а при тоа да мислат дека градот ќе биде нем, рече Блахојче Котески.

Во понеделникот на 07 октомври 2013, значи пред два дена, директорот на ОУ Елпида Караманди, г-дин Илија Белџигеровски си поднесе оставка од директорското место. Оваа за нас принудена оставка, ПР секторот на власта ќе се обиде да ја претстави како поседување на високи морални и етички вредности кај нивните членови, неселективна борба, принцип на транспарентност, почитување на законите, независно од тоа дали се работи за обични граѓани или партиски фунционери.

Но почитувани, сето ова паѓа во вода, ако се знае дека од изјавата на директорот во Советот на Општина Битола до неговата оставка поминаа четири месеци, еден месец од почетокот на новата учебна година или само 10 денаод нашиот прес до неговата оставка. Ако власта работеше неселективно, транспарентно, законито и морално, немаа да чекаат 4 месеци и наш прес, тука ќе реагираа веднаш.

Овде има уште неколку работи кои треба да се расчистат.

Тоа е изјавата за финансиска манипулација во однос на завршната сметка на ОУ Елпида Караманди, како и потврдата за непотизам во училиштето.

Затоа ги повикувам најодговорните во овај случај, пред се општиноначалникот г-дин Владимир Талески, претседавачот на Советот на Општина Битола г-ѓа Силвана Ангелевска како и координаторот на советничката група на ДПМНЕ г-дин Игор Хаџиевски да ги превземат сите позитивни законски мерки за разрешување на оваа афера. Затоа што со оваа изнудена оставка од страна на директорот нема да можат да го покријат непотизмот во своите редови, кој веќе и јавно го признаваат.

Тие треба да дадат одговор и на прашањето: „Дали го имаат добиено решението од Државната комисија за спречување на корупција за овај случај?“

За јавноста а и за медиумите би било интересно да се види архивскиот број и датата кога е ова барање поднесено и од кој е поднесено?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он