Ристовски очекува да нема проблем со парно греење на УКИМ

Од:

МОН очекува да биде надминат проблемот со парно греење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кое е доведено во прашање откако снабдувањето со топлинска енергија го презеде „Балкан енерџи груп“ и е неизвесно дали од почетокот на грејната сезона за студентите и професорите ќе има затоплени училници.

МОН е во комуникација со УКИМ и неговите факултети и ќе го утврдуваат долгот што новиот снабдувач лани го наследи од „Топлификација“.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за образование и наука Спиро Ристовски не прецизираше колкава сума побарува новиот стопанисувач со парното греење. Уверува дека ситуацијата ќе биде надмината но, како што рече, не може однапред да претпоставува.

– Минатата година се изврши промена на сопственоста на фирмите кои стопанисуваат со топлификациската мрежа, така што сега се прават некои корекции, односно потврдувања на долговите кои се однесуваат на новата компанија и кои биле од претходната компанија, и очекуваме овие ден-два да ги расчистиме  тие состојби, рече Ристовски.

Министерот додаде дека МОН не доцни со исплатата на блок-дотациите и се обидува навреме да ги сервисира обврските кон образовните институции кои не се директни корисници на централниот буџет.

Би можело да ве интересира

ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона

Горан Наумовски

ЕСМ: Поради ниските температури, од утре стартува грејната сезона

Горан Наумовски

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, но може да почне и од 1 октомври доколку температурата е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on