Две минофрлачки гранати денеска го погодија седиштето на сириската централна банка во Дамаск, јавија западните медиуми, повикувајќи се тврдења на очевидец.
Според истиот извор, при нападите нема човечки жртви, туку е предизвикана само материјална штета.
Едната граната паднала на покривот од објектот, што се наоѓа во центарот на Дамаск, а втората на паркингот пред зградата.
Сириските бунтовници создадоа мрежа од бази во предградијата на Дамск, од каде редовно го гаѓаат центарот на градот.