На Табановце спречен обид за шверц на 5,5 килограми хероин

Од:

На граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија синоќа мобилните царински екипи спречија обид за шверц на 5,5 килограми хероин.

Како што соопшти денеска Царинската управа, дрогата е пронајдена во 18 часот и 20 минути во патничко моторно возило марка „ровер 75“ со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин. Во возилото било присутно уште едно лице кое поседува албанско и грчко државјанство.

– На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола одговориле негативно, по што е пристапено кон детална контрола на возилото. Со помош на фиберскоп на предната маска во левиот отвор од вентилацијата утврдено е дека каналите од вентилацијата и просторот кај сигурносното перниче се преправани, што веднаш даде индикации за можна сокриена стока во овој простор. По вклучување на вентилацијата забележано е дека на левата страна пропушта помалку воздух. Во просторот на сигурносното перниче во фабричка шуплина специјално прилагодена за криење стока пронајдени се 11 пакувања обвиткани со самолеплива трака наполнети со непозната кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 5,5 килограми. По извршено тестирање со тестери за дрога утврдено е дека се работи за хероин, се наведува во соопштението.

Во текот на спроведената предистражна постапка осомничените изјавиле дека неколку дена претходно од лице државјанин на Албанија набавиле 11 пакетчиња хероин кои тежат по околу 500 грама. Осомничениот, по професија автомеханичар, ги искористил фабричките шуплини од возилото на пределот кај воздушното перниче каде и ги сокрил сите 11 пакетчиња хероин. Намерата им била дрогата да ја пренесат до Белград.

Од истрагата е добиено сознание дека двајцата осомничени во период од еден месец, колку што го имаат возилото, два пати го искористиле за пренесување дрога во Италија и во Хрватска.

Хероинот, истакнуваат од Цараинската управа, е со голема чистина и со одличен квалитет и во големопродажба на нарко – пазарите во Европа достигнува цена до 180.000 евра, додека на мало би можела да достигне и до 300.000 евра.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Куманово.

 

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ