Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг изјави дека Велика Британија и Иран наскоро би можеле повторно да ги отворат амбасадите во Техеран и Лондон, пренесе „Би би си“.
Тој пред пратениците во британскиот парламент рече дека по доаѓањето на власт на Хасан Рохани за претседател на Иран, тонот на дијалогот се сменил.
Според Хејг новата иранска влада се претставува во позитивно светло во однос на претходните, меѓутоа за укинување на економските санкции, потребно е во нуклеарната програма да се направат значајни промени.
Велика Британија, својата амбасада во Техеран ја затвори во ноември 2011 година, откако беше нападната од демонстранти, а нешто подоцна беше наложено да се затвори и иранската во Лондон.
Елена Георгиевска