Натепан инкасант на ЕВН во гостиварско

Од:

Татко и двајца синови во гостиварско се осомничени за физички напад врз вработен во ЕВН Македонија. Како што информираат од СВР Тетово, 56-годишниот инкасант откако влегол во дворот на куќата на А. Н. (56) во селото Долна Бањица гостиварско, за да ги отчита податоците од електрично броило бил попречуван од синот на сопственикот.

Набрзо почнала расправија по што двајца синови со тупаници и клоци го удирале по телото. Во нападот, на синовите им се приклучил и таткото.

Повредениот инксант случајот го пријавил во полиција по што тројцта биле повикани на разговор за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски