Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира средба со писателот Благоја Иванов по повод излегувањето на неговата нова книга со критики и есеи, со наслов „Доближувања”.
Благоја Иванов е меѓу најзначајните автори на втората генерација современи македонски писатели. Зад себе има богат и разновиден опус како раскажувач, романисер, есеист и драмски автор.
За неговото дело денеска во ДПМ ќе зборуваат писателот Димитар Башевски и проф. д-р Јелена Лужина.