Лара и Кевин Стир од Висконсин во Америка ги зедоа од болница своите три ќерки, кои повеќе од 3 месеци биле на болничко набљудување.
Имено, Лора Стир родила идентична тројка без вештачко оплподување, а во семејството досега нема забележан случај на бременост со близнаци. Шансите за тоа биле еден на два милиона. Девојчињата се родени во јуни, а вкупно биле тешки околу 3.5 килограми.
Лара и Кевин Стир не планирале да станат родители, а посебно немале во план дека ќе станат родители на тројка.