Откриено зошто Ајнштајн бил генијалец

Од:

Мозокот на Алберт Ајнштајн се истражува од неговата смрт во 1955 година, кога е фотографиран со дозвола на неговото семејство, а пред една година списанието „Brain“ објави истражување во кое се тврди дека причините за неговата генијалност лежат во обликот на мозокот.

Во истото списание сега се објавени резултати на ново истражување во кои се тврди дека тој бил исклучително паметен човек поради добрата „поврзаност“ меѓу левата и десна хемисфера на мозокот.

Научниците предводени од Веивеј Мен од еден кинески универзитет, споредуваа фотографии од мозокот на Ајнштајн со фотографии на постари, но и со мажи на негова возраст во моментот на смртта, и дошле до заклучок дека всушност добрата нервна поврзаност резултирала со „генијален ум што го задолжил човештвото“, пишува „Индипендент“.

Имено, левата и десна страна на неговиот мозок биле „подобро поврзани“ од левата и десна страна на мозоците на луѓето со кои се правеле споредби, а истражувачите до тој заклучок дошле мерејќи ја густината на подрачјата во кои се вкрстуваат нервите од едната страна на хемисферата со другата.

Др. Дин Фалк, антрополог која го предводеше минатогодишното истражување, тврди дека овојпат, повеќе од кога било досега, се „влегло“ во мозокот на Ајнштајн.

 

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска