ВИДЕО: Жесток дуел на Жерновски и Рангелова

Од:

На вонредна седница, советниците на Центар расправаат за одземените ингеренции врз паркинзите од страна на Град Скопје. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат заклучоците, за да се овозможи пролонгирање на одлуката на Град Скопје, но и со став дека нема правна основа зашто Паркинзи Центар ќе се постават над институциите.

Со заклучоците се бара:

-Задолжување на Жерновски да спроведе контрола на документите кои се однесуваат на Паркиралишта Центар

-Да се утврди  дали е направен пропуст кога е формиран претпријатието паркинзи центар од претходнта власт

-Предлог одлука за привремено стопанисување со паркинзите во Центар се до добивање решенија за сигнализацијата. Се бараат и измени на финансискиот план на ПОЦ, со оглед декла се намалени приходите.

Во  расправата, дополнително дуел меѓу Андреј Жерновски и советничката на ВМРО-ДМНЕ, Даниела Рангелова околу бесплатниот паркинг. Рангелова тврдеше дека и ВМРО-ДПМНЕ имала идеја за бесплатен паркинг во Центар, Жерновски со прогармата во рака тврдеше дека такво нешто не било ветено во предизборието.

Жерновски во еден момент од дуелот и ја покажа неговата изборна програма, во која стои ветувањето за бесплатен паркинг и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, каде нема ветување за бесплатен паркинг.

П.К.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек