Во Штип отворен Центар за интервентна кардиологија

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Универзитетската Клиниката за кардиологија, Сашко Кедев денеска во Клиничка болница-Штип отворија Центар за интервентна кардиологија. Кардиологот Кедев денеска првпат вгради стентови на пациенти од источниот регион кои досега за овие интервенции мораа да одат во Скопје.

Министерот Тодоров изјави дека тимот на кардиологот Кедев ќе доаѓа во Штип неколку пати во текот на еден месец за да вршат интервенции, но истовремено и да се обучат и лекари од Штипската Клиничка болница кои по извесно време сами ќе вградуваат стентови на пациентите.

– Ова е стандраден начин на кој што ја шириме кардиолошката мрежа во Република Маедонија. На овој начин започнавме и во Клиничката болница во Битола, каде што под менторство на доктор Кедев кој заедно со својот тим вршеше интервенции се обучуваа и лекарите. Лекарите од Битола работеа заедно со доктор Кедев и во Битола и во Скопје. Истата ситуација ја имаме и овде. По извесно време Кедев рече дека персоналот е спремен самостојно да ги врши интервенциите, од тогаш во Битола се извршени над 140 интервенции, посочи Тодоров.

Тој истакна дека во наредните четири до пет месеца очекува и во Клиничката болница во Штип лекарите да почнат самостојно да извршуваат одреден тип на интервенции од областа на кардиологијата.

– Нашата идеја е да поставиме квалитетен здравствен систем. Не е целта само да се постигне бројка, туку да се постигне квалитет, рече Тодоров.

Тој му изрази благодарност на кардиологот Сашко Кедев кој работи на развивање на интервентната кардиологија, бидејќи не само во земјава, туку и на светско ниво кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртноста.

– Затоа е и овој фокус на Министерството и на Владата за развивање на кардиолошката мрежа во земјава и на развивање на што е можно повеќе на регионални центри кои што ќе преземаат еден дел кој досега се вршеше на Клиниката во Скопје, истакна Тодоров.

Во рамки на Центарот за интервентна кардиологија денеска првпат беше пуштен и современиот апарат ангиограф.

Кедев истакна дека му е задоволство што во неговиот град за првпат се врши интервенција на еден пациент со акутен инфракт.

– Денес почнуваме со развој на интервената каридологија не само во Штип, туку овој дел ќе го покрива и целиот регион на источна Македонија. И во најбрз период ќе ги ангажираме и лекарите од регионот да се вклучат во дијагнозата и третманот на кардиоваскуларните болни од регионот, рече Кедев.

Клиничката болница-Штип опслужува околу 200.000 потенцијални пациенти од источна и од југоисточна Македонија.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство