Откриени човечки остатоци на бродот „Коста Конкордија“

Од:

Во внатрешноста на бродот „Коста Конкордија“, што потона на почетокот на 2012 година во близина на италијанското крајбрежје, денеска беа откриени остатоците на уште еден од загинатите, стјуардот Раселе Ребело, пренесува ИТАР-ТАСС.

Ноќта меѓу 13 и 14 јануари минатата година при ризичен маневар во близина на островот Џилио, луксузниот брод „Коста Конкордија“ со 4.229 луѓе, удри во подводни карпи, по што се преврте и делумно потона. Во несреќата се удавија 32 лица, но телата на двајца од нив Ребело и на Марија Грација Трекарики не беа пронајдени.

Минатиот месец, во операцаија за исправување во вертикална позиција на „Коста Конкордија“, беше обновена потрагата по телата на загинатите. Кон крајот на септември во близина на местото на несреќата беа откриени човечки остатоци, што беа предадени на ДНК анализа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ