Беџети: Избирачкиот список е „жива материја“ што се разгледува во континуитет

Од:

Избирачкиот список е „жива материја“ кој во континуитет треба да се разгледува и не случајно имаме Работна група во состав на ДИК каде се делегирани претставници од сите надлежни институции кои имаат надлежност за Избирачкиот список, ијзваи денеска министерот за правда Блерим Беџети по врачувањето повелба на новоименуваниот нотар за Крушево.

– Убеден сум дека по Избирачкиот список се постапува како што се постапуваше и пред локалните избори, кога немаше посуштински забелешки. Тогаш сите релевантни субјекти во државата ја поздравија работата на Работната група и на крајот имавме прочистен Избирачки список. Се разбира и сега се постапува така, рече Беџети.

На новинарско прашање за случајот со новинарот Кежаровски министерот Беџети одговори дека веќе се изјаснил за овој случај.

– Да не се впуштаме во внатрешноста на предметот и да не се влијае од никаков аспект како и за сите други предмети, додаде Беџети.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз