Шефот на боливиската Aгенција за контрола на кока и индустријализација Луис Кутипа e уапсен под обвинение дека илегално продавал запленети листови кока.
Обвинителството го обвини дека 45 тони листови кока им ги испратил на своите родители или на нарко банди.
Тој ќе биде обвинет и за фалсификување документи, за злоупотреба на службената должност и за изнуда.
Кутипа изјави дека не сторил ниту едно кривично дело и дека парите од препродажбата ги уплаќал на легални сметки. Ова е првпат некој високо рангиран функционер на Владата на претседателот Ево Моралес да биде вовлечен во скандал.