Поради наметнатиот делумен прекин на работата на американската влада, три четвртини од службениците на Белата куќа се наоѓаат на принуден одмор, при што им е забранета дури и проверака на пораките на нивните службени телефони.
Во моментов на должност се помалку од 450 службеници, а нивниот вообичаен број изнесува 1.701, во која се опфатени разни советници, асистенти, готвачи и друг персонал. Речиси 1.300 службеници кои во моментов не се на должност се третираат како персонал кој „не е клучен“ за функционирањето на Белата куќа.
Дури и телефонската централа на Белата куќа е така наштетлувана да оние кои повикуваат автоматски да се префрлат на снимена порака во која се молат повторно да се јават откако владата ќе почне со нормално функционирање.