Златна зора имала свои луѓе во 35 полициски станици низ Грција

Од:

Грчката крајнодесничарска партија Златна зора формирала цела мрежа соработници и привзраници и дури располагала со свои луѓе во 35 полициски управи низ земјата, соопштуват медиумите.

Полициските станици буквално биле претворени во „змиски гнезда“, пишува весникот „Етнос“ со коментар дека „карциномот“ на Златна зора стигнал дури до полицијата. Во врска со овие откритија властите привеле десет полицајци.

Се тврди дека претставници на органите на редот покажале трпеливост и прикривале незаконски дејанија, извршувани од неонацистите на Златна зора низ цела земја.

Констатирани се над 80 случаи на расистичко насилство, во кои се замешани и полицајци. Повеќето од случаите за врски на полицајци со активисти на партијата се регистрирани во полициски станици во областа Атика и посебно во центарот на грчката престолнина. Властите истражуваат и други вакви случаи.

Лидерот на Златна зора беше уапсен заедно со други членови на партијата, како дел од напорите на владата за справување со неонацистичката партија, откако нејзин активист уби рапер со антифашистички погледи.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните