Карзаи: НАТО предизвика „многу страдања“ во Авганистан без да донесе никаква корист

Од:

Авганистанскиот претседател ги стави на жестока критика активностите на НАТО во неговата земја, обвинувајќи ја Алијансата дека била „предизвикувач на огромни страдања“, без да донесе никаква „корист“ за неговата држава.

– Ние сакавме апсолутна безбедност, конечен крај на тероризмот, изјави Карзаи во интервју за Би-Би-Си, што било дадено во Кабул на 3. октомври, емитувано синоќа.

Место тоа, „во областа на безбедноста“ силите на НАТО, разместени во Авганистан од 2001 година, „предизвикаа огромни страдања, доведоа до загуба на многу луѓе и не донесоа никаква корист, затоа земјата не е безбедна“, истакна Карзаи.

Тој прецизира дека до 2005 година оддржувал „многу добри односи со американскиот претседател Џорџ Буш помладиот, годината кога „станавме сведоци на првите инциденти, што доведоа до цивилни жртви, и откривме дека војната против тероризмот не се води таму каде што треба“.

Карзаи, кој не може да се кандидира за трет мандат на претседателските избори во април следната година, според сила на Уставот, објасни дека неговата цел била да донесе „стабилност и мир“ во својата земја, како и да постигне спогодба за поделба на власта со талибанците.

– Тоа се Авганистанци. Таму каде авганистанскиот претседател, авганистанската влада може да назначат талибанци на владина функција, тие се добродојдени, изјави Карзаи.

– Но, таму каде авганистанскиот народ назначува луѓе преку избори…талибанците треба да учествуваат на изборите, додаде тој.
Карзаи во интервјуто уверуваше дека евентуалното учество на талибанците во власта нема да им штети на жените.

– Враќањето на талибанците нема да го поткопа напредокот. Нашата земја има потреба од мир. Сакам да се борам за сето она што носи мир во Авганистан и на тој начин уште повеќе да ја поддржувам каузата на авганистанските жени, прецизира претседателот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан