Слухот на бебето е мошне развиен и пред самото раѓање, со оглед на тоа што и средината во која престојува не е баш најтивкото место. Благодарение на ултразвучните испитувања и развојот на техничките помагала за следење на состојбата на слухот, денес многу повеќе се знае за начинот на која фетусот го запознава светот на звуците, кои го опкружуваат.
Доколку жената во шестиот месец од бременоста ќе слушне на пример дека авион го пробива звучниот ѕид, таа ќе се тргне настрана, но тоа истото ќе го направи и бебето! При ненадејна бучава, секоја идна мајка ќе ја почувствува реакцијата на своето дете. Тоа е нормална појава, бидејќи бебето одлично слуша и додека е во матката.
Важноста на внатрешните шумови
Ушите на детето се развиваат од 18. недела. Тогаш системот за слух е целосно развиен – внатрешното уво, средното уво и надворешното уво. Дотогаш бебето се уште ништо не слуша.
Од 23. недела на бременоста, системот за слух од анатомска гледна точка е способен за нормална работа, иако средното уво се уште не е во допир со водухот. Во наведениот период ушната школка на бебето целосно е отворена и раширена.
Фетусот ги перцепира звучните бранови преку коскесните структури, благодарение на амнионската течност и е во можност да го чуе отчукувањето на мајчиното срце. Тоа се звуците, кои ќе му прават друштво во следните неколку месеци и кои ќе го смируваат по раѓањето.
Всушност и помалку поетичното кркорење на мајчините црева, на детето во стомакот му дејствуваат како приспивна песна. Таквите звуци се малку придушени и изобличени, слични на звуците, кои ги слушаме кога ќе нурнеме во вода.
Одекот, кој доаѓа до фетусот не надминува 90 децибели, така што слухот на детето не може да се оштети пред раѓањето.
Отчукувањето на мајчиното срце како приспивна песна
Новороденчето најчесто мошне брзо се смирува кога е сместенио до мајчиното срце. Предноста на овој природен „анестетик“ го искористиле медицинските работници на одредени одделенија на неонатологија. Тие го снимиле отчукувањето на срцето, а потоа тие снимки им ги пуштале на своите мали „нервозни“ пациенти.
Тајната на реакциите на бебето
Доколку произведеме гласен звук, на пример удриме со чекан на маса, бебето во стомакот ќе скокне, а ритамот на срцето ќе му се забрза. Доколку ја смалиме јачината на звукот, отчукувањата на срцето ќе се забрзаат, но фетусот нема да се движи. Меѓутоа доколку го повторуваме звукот со еднаков интензитет, фетусот по некое време ќе остане неподвижен. Тоа ја потврдува способноста на памтењето!
Дали бебето го препознава нашиот глас?
Секоја мајка му зборува на своето бебе и се надева дека тоа ја слуша! Мошне е тешко прецизно да се каже што всушност бебето перцепира, но едно е сигурно: го препознава гласот на својата мајка. Доколку на бебето му пуштиме снимка од гласови на пет различни жени, кои можело да ги слушне додека било во мајчината утроба, тоа на посебен начин ќе реагира кога ќе го слушне гласот на својата мајка. Утврдено е дека бебињата подобро ги перцепираат ниските фреквенции од повисоките.
Звукот, кој бебето најмногу го сака по раѓањето, пред се е човечкиот глас. Исто така сака тивка музика, класична пред се, на пример Моцарт. И секако обожува куси мелодични песни (броенки), кои и ги пејат мама и тато.
Бојата на гласот е пресудна
Експертите велат дека гласот на таткото потешко допира преку мајчиниот стомак за бебето да може да го разликува. Но, сепак се зависи од бојата на гласот.