Грција ќе излезе од рецесија во 2014 година, со економски раст од 0,6 пронцети, покажува нацрт-буџетот кој денес го претстави грчката влада.
-Предвидуваме излез од рецесија во 2014 година. Жртвите кои што ги трпеше грчкиот народ, по болниот период вродија со плод, ги имаме првите знаци за излез од кризата идната година-изјави заменик министерот за финансии на Грција, Христос Стаикурас.
Нацрт-буџетот на Грција, која што е во шестгодишна рецесија, предвидува дека во 2014 година буџетот ќе биде во плус за 2,8 милијарди евра или 1,6 проценти од БДП.
Остварувањето на буџетскиот плус е услов за почеток на преговори со меѓународните кредитори, ЕУ и ММФ, за решавање на должничката криза во државата, според договор од европскиот самит од ноември 2012 година.
Елена Георгиевска