Сириската армија одблокира пат што ги поврзува централните делови на државата со северната провинција Алепо

Од:

Армиските сили на Сирија успеаа по тешки борби да одблокираат пат од големо значење што ги поврзува централните делови на државата со северната провинција Алепо.

Државни медиуми и активисти од Сирискиот центар за човекови права соопштија дека од минатата ноќ отворен е за движење патот кој од август беше блокиран од тешки борби меѓу владините сили и бунтовниците.

Пред околу една недела владините сили го заземаа стратешкиот град Ханасер близу до патот.

Во изминатите неколку дена тие навлегоа во неколку околни села. Според сириските медиуми, владините сили ја пробиле блокадата која спречуваше испораки до провинцискиот главен град Алепо, најголем град во Сирија. Владините сили и бунтовниците се во постојани борби за контрола над Алепо од јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети