А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски јавно побара пречистување на Избирачкиот список

by А1он07/10/2013 - 15:01183
Share0

Премиерот Никола Груевски денеска јавно го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев да му даде налог на неговиот сопартиец и претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко да започне со пречистување на Избирачкиот список.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Надлежноста за пречистување на Избирачкиот список е исклучиво на ДИК. Го поставувам прашањето зошто шест месеци не го почнуваат тоа и ги повикувам јавно да го почнат веднаш и да го завршат за да не бараат потоа алиби дека поразот којшто ќе им следи доаѓа заради тоа што списокот не бил пречистен или други алибија коишто се поврзани со Избирачкиот список, изјави премиерот Груевски одговарајќи на прашање по поставувањето камен-темелник на објектот на Текнохозе во ТИРЗ Скопје 1.

Тој посочи дека околу Избирачкиот список се случува нешто чудно, зашто, како што нагласи, поминаа речиси шест месеци од денот кога завршија Локалните избори и оттогаш до сега има тотален бојкот од страна на претседателот на ДИК во однос на пречистување на Изборниот список.

– Не можам да разберам зошто шест месеци претседателот на ДИК не ја заврши таа работа. Досега можеше трипати да го прочисти изборниот список, а не еднаш. Меѓутоа, веројатно постои некаква спрега помеѓу претседателот на ДИК која што е од иста партија со господинот Заев којшто цело време бара некакво алиби во непречистениот Избирачки список. Еве јас јавно ги повикувам господинот Заев да му даде налог на господинот Кондарко, но и директно господинот Кондарко веднаш неодложно да го започне пречистување на Изборниот список, бидејќи тоа е негова надлежност и не е надлежност на премиерот или на некој министер, рече Груевски.

Прецизира дека Владата и некои државни институции можеби можат и нешто да помогнат и да се вклучат доколку од ДИК го побараат тоа.

izbori

Би можело да ве интересира

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:41

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто