Италијанските спасувачки екипи досега пронајдоа вкупно 194 тела на имигранти, кои загинаа минатата недела при потонување на брод крај островот Лампедуза.
Од околу 500 бегалци, претежно од Сомалија и Еритреја, од бродот, кој потона во четвртокот, беа спасени само околу 150 лица.
Спасувачките тимови, кои за време на викендот не можеа да работат поради лошото време, изутринава ја забрзаа операцијата со цел да извлечат колку што е можно повеќе тела, поради прогнозите за повторно влошување на временските услови во текот на попладневните часови.
Лампедуза е еден од главните пунктови за влез на нелегални имигранти од Африка на територијата на Италија.