Вистинска драма во струшкото село Горно Татеши

Од:

Во струшкото село Горно Татеши вчера се случувала вистинска драма, во која било употребено и автоматско оружје, но за среќа сè минало без ниту една жртва.

М.Т. (39) вчера пријавил дека околу 14.30 часот на местото Долно Тоски, во атарот на Горно Татеши, еден од синовите на неговиот соселанец А.И. испукал неколку рафали со автоматско оружје, но не го погодил.

Полицијата пронашла 14 чаури, како и едно зрно од куршум, кое го пробило седиштето на мотоциклот на М.Т.

При претрес на домот на А.И. полицијата пронашла автоматска пушка без сериски број и една рамка со девет куршуми. При претресот се одземени и една ловна пушка, ловен карабин и пиштол „црвена застава“ М-57, кои А.И. ги поседувал со дозвола.

А.И. и неговите синови Б.И. и М.И. се приведени во полициската станица во Струга. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски