Украина целосно го гарантира транзитот на руски гас за ЕУ

Од:

Украина целосно го гарантира транзитот на руски гас за земјите од Европската унија, изјави украинскиот заменик-премиер Јуриј Бојко.

– Транзитот е ветувачки и се спроведува во согласност со наредбите, кои доаѓаат од „Газпром“ и од европските земји, нагласи Бојко.

Тој напомена дека гаранциите за транзитот целосно се почитуваат и покрај тоа што Украина и Русија не постигнале договор за ревидирање на спогодбата за откуп на гас.

Бојко додаде дека по две недели украинските подземни складишта ќе бидат наполнети со доволнo количeство гас за претстојната грејна сезона.

– Нема да дојде до појава на катаклизми, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје