Германски војници предадоа клучна база во Северен Авганистан на локалните сили за безбедност што е дел од процесот за постепено повлекување на западните сили од таа држава.
Според германскиот министер за одбрана, Томас де Мезиер, ниту едно друго место во светот не оставило таков впечаток врз Бундесверот како базата во Кундуз, на околу 250 км северно од Кабул.
Околу 20.000 германски војници беа распоредени во Кундуз за време на 10-годишната операција. Дваесет од 35 германски војници кои загинаа во Авганистан беа во провинцијата Кундуз.