Рангелова ќе го тужи Жерновски за клевета

Од:

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Центар, Даниела Рангелова, денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против градоначалникот на Општината, Андреј Жерновски, за клевета и нарушување на угледот, бидејќи, како што вели, Жерновски освен навреди, расфрлања со закани за тужби не презентирал ниту еден документ.

– Нервозната реакција на градоначалникот Андреј Жерновски и заканата за тужба во врска со скандалот со трошењето огромни суми пари за рекламирање е само израз на паника и неуспешен обид да се одбегне одговорноста – реагира Рангелова.

Таа смета дека за, како што вели, скандалот кој го објавија медиумите, сосема легитимно е да се побара од Државната комисија за спречување корупција да го испита овој случај, каде има основано сомневање дека станува збор за корупција и перење пари.

– Никој не е над Законот, вклучувајќи го и господинот Жерновски. Тој не може да тужи зошто беше побарано од надлежните институции да го испитаат неговото работење. Ако Жерновски е фатен на дело и смета дека по теркот на неговиот коалициски партнер Заев треба да биде амнестиран тогаш тоа треба јавно да го побара и каже – вели Рангелова.

Таа прашува ако Жерновски бил чист, зошто ја криел целосната документација и не презентирал ниту еден документ како поткрепа на она што го говорел.

– Е па господине Жерновски, вашите лаги се едно, документите говорат друго. Ова е договор за рекламирање на кој стои потписот на Андреј Жерновски и Милана Смилевска како управител на фирмата Креатиф Маркетинг – вели таа и прашува уште колку вакви договори има потпишано Жерновски, за колку пари и дали со нив се финансираат политичките и партиски активности на коалицијата?

Според неа, нејасно е по кои критериуми се делат парите за реклами на медиумите и зошто селективно се избираат медиумите на кој Жерновски и Општината се рекламираат?

– Господине Жерновски, вашите навреди не поминуваат. Ние сме убедени дека ја говориме вистината и за разлика од вас, презентираме и документи кои ја докажуваат. Останува фактот дека рекламниот октопод е единствениот проект по кој засега ќе се памети работењето на Жерновски – додава советничката Рангелова.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории