Ако Грција одлучи да ја напушти еврозоната, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ќе и дадат бонус во висина од 50 милијарди евра за олеснување на нејзиното излегување од монетарната Унија.
Ваков договор за доделување бонус на Грцијај бил постигнат меѓу земјите-членки во понеделникот.
Централна банка создала кризна група, која ќе управува подготовките и со процесот на евентуалното излегување на Грција од еврозоната.
Андерс Липсток, член на Европската централна банка го негираше постоењето на овoј договор, претпоставуваќи дека тоа се само некои неофицијални дебати меѓу членови на Советот и не треба да се сфатат сериозно.