Поддршката на грчките граѓани за неонацистичката партија „Златна зора“ се намали откако нејзиниот лидер и пратениците беа уапсени, но и понатаму се наоѓа на трето место по популарност, што е највисок рејтинг од минатогодишните избори, покажаа резултатите од истражувањето на агенцијата АЛЦО.
Според анкетата, поддршката за „Златна зора“ се намалила на 7,2 отсто во споредба со 10,8 проценти колку што оваа партија имала во јуни.
Во друго истражување, повеќето Грци ја сметаат „Златна зора“ како „злосторничка организација“.
„Златна зора“ според резултатите од анкетите и понатаму е попопуларна од некогаш моќната ПАСОК, која има само седум отсто поддршка од граѓаните.
Грчките власти по убиството на раперот и антифашистички активист Павлос Фисиас минатиот месец, за кое е обвинет приврзаник на „Златна зора“, одлучија да ја забранат работата на оваа партија.