ФОТО: Деветтата „Бела ноќ“ во Скопје

Од:

Спектакуларниот огномет вечерва имаа можност да видат сите кои беа на плоштадот Македонија во Скопје, кој беше дел од деветтата по ред манифестацијата „Бела ноќ 2013“.

Манифестацијата започна вчера вечер во 20.30 часот со отворање на изложбата на ремек дела од македонската современа уметност насловена „Уметникот и диктатурата“ во Музејот на Град Скопје, a главниот спектакл се случи на плоштадот Македонија каде светската атракција Commandos Percu одржа музичко – пиротехничко шоу, насловено „Bombs pet minute“.

1052013111748_bela nok bansko8

Целата манифестацијата беше збогатена со музика, филм, поезија, модерна уметност, мода. Во целата Стара скопска чаршија се случуваа повеќе настани, концерти пред Стоковна куќа – МОСТ, изложба во Галерија 8, а во киното „Милениум“ и киното „Фросина“ се прикажуваа бесплатни филмски маратони кои ги вклучуваат најактуелните филмски мега хитови, како и најдобрите европски остварувања.

1052013112826_bela nok bansko9

Манифестацијата е во организација на Младинскиот културен центар-Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

ФОТО: Нова Македонија

Би можело да ве интересира

„Бела ноќ“ во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

A1on

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска

Бела ноќ по 16-ти пат в сабота на 10 локации

Ана Ололовска