Според Министерството за надворешни работи на Чешка, земјата целосно го поддржува мировниот процес на Блискиот Исток.
Ова, како што пренесе дописникот на МИА од Прага, доаѓа по вчерашната изјава на чешкиот претседател Милош Земан дека Амбасадата на Чешка ќе биде префрлена од Тел Авив во Ерусалим, од палестинска страна.
Веднаш реагираше Саеб Ерекат, член на Извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина, кој ја повикал Арапската лига и други организации да свикаат вонредни состаноци на ниво на министри и кој изјави дека предлогот на Земан го поткопува мировниот процес меѓу Израел и Палестина.