Во воздушен напад на НАТО во источната авганистанска провинција Нангархар ноќеска загинале петмина цивили, соопшти авганистански претставник.
Од меѓународната коалиција соопштија дека нападот бил извршен врз бунтовници и според првични информации нема убиени цивили во нападот.
Ахмад Зија Абдулзај портпарол на гувернерот на Нангархар изјави дека петимата цивили биле убиени во напад на НАТО извршен во округот Бехсуд близу тамошниот аеродром.
Полковник во НАТО изјави дека во операцијата крај аеродромот бил извршен „прецизен координиран напад“ и нема цивилни жртви.