Заменикот генерален секретар на НАТО Колинда Грабар-Китаровиќ истакнува дека нема воено решение за Сирија туку кризата мора да се реши со политички средства.
НАТО според неа, зајакнал граници кон Сирија само со дефанзивни „Патриот“ ракетен систем.
– Тоа има застрашувачко дејство и упатува порака до Сирија дека сме ангажирани. Покрај тоа, не сакаме да имаме каква било друга улога во Сирија. Став на НАТО е дека мора да постои политичко решение за таа криза. Секоја воена акција би била само временски ограничена. Но, и самата закана покажува дејство и постои договор во СБ на ОН. Имаме мапа на патот и политичко дипломатски процес што треба да се следи, изјави таа за виенски Стандард.
Во врска со Авганистан, поранешниот шеф на хрватската дипломатија вели дека претстојните избори се историска шанса таа држава да го докаже својот суверенитет и определување кон демократски курс.
– До повлекувањето на НАТО во крајот на следната година, ќе има нови предизвици, но процесот се одвива добро, нагласи Грабар-Китаровиќ.