Жерновски: Поднесувам тужба за клевета

Од:

Градоначалникот на општина Центар најави дека поднесува тужба за клевета против советничка од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што вели, не смее никој да клевети и да ја манипулира јавноста.

Еве што напиша Жерновски на својот ФБ профил:

Повеќе од јасно е дека, како и најголемиот број на граѓани во државава, и јас немам доверба во нашето судство, но исто така е јасно дека не смее никој да клевети и да ја манипулира јавноста. Бев обвинет дека, наводно, сум “испумпувал од буџетот на општина Центар милионски суми на пари”. Пред седум дена, во мојата реакција на објавениот текст на порталот Курир, јасно наведов дека немам исплатено ниту еден денар за рекламирање во медиумите. Раководството на владеачката ВМРО-ДПМНЕ многу добро ја знае вистината, па затоа мудро им ја препушти валканата работа на нивните советници во општинскиот совет. Така, дојдовме до ситуација токму тие, н(а)ивните советници, да ја докажуваат веродостојноста на изнесениот текст, и тоа на суд. Таму ќе има почитуваната советничка доволно простор да објасни кои се тие “милионски суми на перење пари”, каде е и во што се состои “корумпираниот октопод на Жерновски”, како и за тоа каде е “оцрнета работата на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ”.

Screenshot_3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар