Ирина Бокова реизбрана за генерален директор на УНЕСКО

Од:

Ирина Бокова денеска е реизбрана за генерален директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Уште во првиот круг Бокова, која и претходно беше сметана за фаворит, освои 39 гласа. Нејзините противкандидати, амбасадорот на Џибути во Франција Рашад Фарах и француско-либанскиот универзитетски професор Жозеф Маила, освоија 13, односно шест гласа.

За победа во првиот круг од гласањето беа потребни 30 од вкупно 58 гласа во Извршниот совет на УНЕСКО.

Бугарката Ирина Бокова беше избрана за генерален директор на УНЕСКО во 2009 година. Нејзиниот прв мандат на оваа функција го одбележа финансиската криза во организацијата.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам