Андерс Брејвик, кој во јули 2011 година уби 77 лица во Норвешка, времено е преместен во друг затвор, додека заврши реновирањето во строго обезбедуваниот центар каде што лежи.
„Побаравме пауза“, изјави Кнут Бјаркејд, директор на затворот „Ила“ крај Осло, каде што Брејвик помина повеќето од времето, откако беше уапсен на денот на убиството.
Се уште не се знае колку време Брејвик ќе помине во затворот Скиен, на 130 километри југозападно од Осло. Процесот против Брејвик заврши на 22 јуни и се очекува пресудата да биде произнесена на 24 август. Независно дали ќе биде прогласен за непресметлив, тој казната ќе ја излежува под строго обезбедување во затворот „Ила“, едно од крилата кое може да биде прилагодено за мала болница.
Брејвик ќе биде држен настрана од другите затвореници и веројатно ќе бидат преземени специјални мерки, за да има социјални контакти.
Во мај директорот на „Ила“ Бјаркејд спомена дека можеби ќе му плаќа некому за да игра шах со масовниот убиец.