Банана – енергија за целото тело

Од:

Бананите содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза во комбинација со влакна и му даваат на телото енергија.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето две банани дава доволно енергија за напорен 90-минутен тренинг.

Бананата има и други хранливи состојки и вредности кои можат да помогнат и кај разни состојби или болести.

Депресија

Депресијата е болест на модерното време и многу луѓе секојдневно се борат со неа. Можете мнпгу подобро да се чувствувате ако изедете банана во која се наоѓа триптофан, вид белковина која телото ја претвора во серотонин, а тој го подобрува расположението и генерално се чувствуваме посреќни.

ПМС

Ако имате проблеми со ПМС, изедете банана поради витаминот Б6 што го содржи. Тој го регулира нивото на глукоза во крвта која влијае на расположението.

Анемија

Бананите исто така имаат високо ниво на железо кое го поттикнува производството на хемоглобин. Ако сте анемични, бананата нека ви биде редовно на менито.

Крвен притисок

Ова единствено тропско овошје е исклучително богато со калиум, а содржи малку сол, што го прави совршено во борбата против високиот крвен притисок. Американската агенција за храна и лекови и официјално објави дека бананата е добар сојузник во борбата против високиот крвен притисок и мозочен удар.

Проблеми со варењето

Поради изобилството на влакна, бананата помага и кај проблеми со варењето.

Мамурлак

По бурната ноќ и мамурлакот земете банана со мед и млеко. Бананата ќе ви го смири желудникот, а медот го контролира нивото на шеќер во крвта.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска