Во најновото истражување на израелските научници обилниот појадок е поврзан со зголемување на плодноста кај жените со синдром на полицистични јајници, од кој страдаат околу 10 отсто од жените во репродуктивниот период.
Кај овие жени често се јавува резистенција (отпорност) на инсулин, што може да резултира со зголемено ниво на андроген – машки полови хормони.
Последица на тоа е намалување на плодноста, објаснуваат научниците од Универзитетот во Ерусалим и Тел Авив.
Нивните наоди, собрани од 60 пациентки со синдром на полицистични јајници, покажале дека најмалку проблеми со плодноста имаат жените кои околу половина од дневно внесените калории ги конзумираат за време на појадокот.