Ховит: Правам се Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

Британскиот пратеник во Европскиот парламент, Ричард Ховит, како известувач од законодавниот дом на Европска унија за Република Македонија веќе ја подготвува следната предлог-Резолуција за нашата земја и најавува дека тоа ќе се случи далкеу порано од годинешната.

Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, Ховит потврдува дека при крајот на овој месец ќе пристигне во Скопје на средба со македонските власти, претставници на политички партии, невладини организации и медиуми, со цел да ја добие вистинската слика во подготовката на следната Резолуција.

На прашањето дали во предлог-Резолуцијата, која според него пред европратениците ќе треба да се најде најдоцна до март месец идната година, ќе предложи некоја нова „промена на играта“ со цел Македонија да го добие заслужениот датум за почеток на пристапните преговори, Ховит со одговор:

– Правам се што можам оти дефинитивно сакам Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Мојот, но и интерес на ЕУ и на самата земја е тие преговори да почнат, вели Ховит во изјава за МИА.

Британскиот член на Европарламентот очекува да ги види резултатите од спроведувањето на залучоците и препораките на ад-хок, како и други чекори што се превземени во рамки на македонската евроинтеграција. Токму затоа, пред крајот на месецов тој најавува пристигнување во Македонија за да види како се одвиваат работите на терен.

– Сите знаеме зошто годинешната предлог-Резолуција за вашата земја ја предложив толку доцна. Затоа, следната очекувам да ја издадам во нормално време и истата потоа да биде усвоена од Европскиот парламент. Еднсотавно, нема причина и сега да одложуваме, но не можам да кажам дали и што ново ќе предложам за Македонија, заклучува Ховит.

Резолуциите на ЕП, за разлика од извештаите на Европската комисија, се само советодавна политичка одлука која не е обврзувачка за никого во ЕУ, но истата служи како катализатор за размислувањето на официјален Брисел. Истите, неколку години наназад (како и извештаите на ЕК) се позитивни за Македонија и во нив се препорачува Европскиот совет да даде “зелено светло” за нашата земја да ги почне пристапните преговори, што за жал, не се случува поради грчко-бугарските блокади.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени