Уште како дете аргентинскиот уметник, Леандро Гранато (27) можел да повлече течност од носот во очите. Денес живее на сметка на тоа.
Аргентинецот усовршил нова техника за сликање која се сведува на тоа што водената боја ја вшмукува на нос, потоа ја исфрла на платното низ очите, пишува „Дејли Мејл“.
Со оваа техника за изработка на слика некогаш му требаат десетина минути, додека за некои слики издвојува и еден месец.
Своите уметнички дела сликарот ги продава за 1.700 евра по парче.
– Од мал сфатив дека можам да ги повлечам воздухот и течноста од носот во очите, а благодарејќи на тоа измислив нова техника на сликање, вели Гранато. Уметникот оваа техника ја развивал две години и нема би му било драго некој да го копира затоа што смета дека е единственииот што слика на ваков начин.
– Некој го сака мојот начин на работа, некој не, а некои мислат дека сум будала, оваа техника не ми шети, додаде Аргентинецот кого и семејството го сметало будала, но со време почнале да го ценат.
– Верувам дека будалите градат мостови кои ги преминуваат мудрите,, им одговори на скептиците Гранато, кој за инспирација го има Џексон Полок затоа што и него го сметале будала на почекот на кариерата.
Овој невообичаен уметник почнал да се занимава со сликарство после смртта на дедо му затоа што така се обидел да ја надмине болката. Сегашните планови му се големи. Прво сака да направи добротворна акција во Аргентина за помош на децата и семејствата од рак, а исто е и во потрага по галерии кои би му помогнале во промоција во Европа.