Ѓорѓиевски: Патот за европски Вардар е трасиран

Од:

„Базата за европски Вардар е поставена. Вардар знае што сака и ќе продолжи да се надградува од година во година, како на организациски така и на играчки план и секоја година ќе расте за да го достигне нивото кое е посакувано од сите нас, управата на клубот, стручниот штаб, фудбалерите и навивачите“, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиевски.

Тој за утрешниот натпревар со БАТЕ Борисов порача дека неговите фудбалери можат да се спротивстават на квалитетниот противник, а тоа го покажале и на првиот дуел во Белорусија.

„Очекувам да се даде секој атом од силите од сите оние кои ќе излезат на теренот и со мудра игра и поддршка од трибините да оствариме позитивен резултат. Играчите се доволно свесни да увидат кога треба да се нападне, а кога треба да го одбраниме со сите сили. Ова се натпревари во кои одлучува, еден потег, една грешка, момент на инспирација“, рече Ѓорѓиевски.

Капитенот на Вардар Милан Илиевски и неговиот соиграч Остоја Стјепановиќ на денешната прес-конференција ги искажаа нивните и очекувањата на  соиграчите за победа на реваншот од квалификациите во Лигата на шампионите против белорускиот првак БАТЕ Борисов и пласман во следното коло.

„Добро сме подготвени за утрешниот натпревар. Ги увидовме грешките од првиот меч на кој покажавме дека можеме да се носиме со БАТЕ Борисов. Веруваме во овој тим на Вардар“, истакна капитенот на „црвено-црните“ Илиевски.

Силна верба за успешен резултат и квалитетна игра на целиот тим, како и способност за брза трансформација од одбрана во напад и обратно искажа стрелецот на еден од двата гола на гостувањето во Борисов Стјапановиќ.

„Посакувам Вардар да продолжи со успесите кои ги започна минатата сезона. Се обидуваме целата еуфорија и притисоците врз нас кои се евидентни овие денови да ги неутрализираме, а во тоа ни помага и психолог. Имаме активен резултат и ако одговориме на поставените задачи од тренерот Илчо Ѓорѓиоски се надеваме на пласман во следната фаза“, изјави Стјепановиќ на днешната средба со новинарите.

Реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите Вардар – БАТЕ Борисов ќе се одигра утревечер на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот. На првиот натпревар одигран во Борисов пред шест дена победија домаќините со 3:2 со два гола постигнати во судиското надополнување.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ