Премногу сон му штети на здравјето

Од:

Повеќето луѓе знаат дека премалку сон е лошо за здравјето. Меѓутоа, ново истражување покажува дека не треба ниту да се претерува.

И премногу сон може да ги предизвика истите болести кои ги предизвикува недостигот на сон, покажува истражувањето.

Студијата опфатила 50.000 луѓе, а откриено е дека оние кои премалку или премногу спијат имаат ризик од од бројни физички и психички состојби, меѓу кои се и срцеви болести, дијабетес и дебелина.

Лицата кои не можат да спијат подолго од шест часа, како и лицата кои предолго спијат се во поголем ризик од срцеви болести, шлог, дијабетес, дебелина и ментални пореметувања.

Оптималната количина на сон секоја ноќ го намалува ризикот од тие болести, но и други здравствени проблеми кои се својствени за средовечните луѓе.

– Здрав, избалансиран начин на живот не е ограничен на вежбање и исхрана. И тоа колку и како спиете е подеднакво важно, вели експертот за сон др. Сафван Бадр.

Тој вели оти е важно е возрасните лица да имаат седум до девет часови сон секоја вечер, за да имаат корист од спиењето, и тоа особено важи за оние кои се борат со хронични болести.

Бадр со своите колеги ги анализираше здравствените картони на 54.000 Американци постари од 45 години за потребите на студијата објавена во списанието „Sleep“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска