Асад: Турција скапо ќе плати за поддршка на бунтовниците

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад ја предупреди Турција дека „скапо ќе плати“ за поддршката за бунтовниците, кои се обидуваат да го соборат неговиот режим.

– Во блиска иднина тие терористи ќе извршат влијание врз Турција, и Турција скапо ќе плати за својата поддршка, рече Асад за турскиот тв канал „Халк тв“.

Сирискиот претседател одговори на прашања за присуството на бунтовници поврзани со Ал каеда по границата меѓу двете држави. Меѓумногуте бунтовнички организации, кои се судираат во Сирија, има неколку радикални исламистички групи.

– Невозможно е да го користиш тероризмот како карта и да го ставаш во џеб. Затоа што тој е како скорпија, која нема да се поколеба и да те касне во даден момент, рече Асад.

Односите меѓу некогаш блиските сојузници Дамаск и Анкара се влошија по бунтот, кој се крена во март 2011 во Сирија, што прерасна во граѓанска војна, во која досега загинаа над 115.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети