Популарноста на крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“ значително опаднала, објавува грчкиот печат, повикувајќи се на најново социолошко истражување.
Податоците покажуваат дека процентот за поддршка „Златна зора“ паднал до 8,5 отсто. Во претходно истражување во јули годинава, за таа партија гласале 14,5 отсто од анкетираните.
Се смета дека падот на рејтингот доаѓа по првото убиство во Грција во последните 40 години, на раперот со леви убедувања од страна на член на „Златна зора“, и апсењата што уследија на пратеници од партијата, обвинети за припадност кон криминална организација.
И покрај тоа „Златна зора“ продолжува да биде трета политичка сила по другите две – конзервативната Нова демократија и радикалната левица СИРИЗА. Во сегашното истражување, СИРИЗА е малку пред конзервативците, неа ја поддржале 29,5 отсто, додека Нова демократија имала поддршка од 29 проценти од анкетираните.
Се претпоставува дека при евентуални избори конзервативците би имале поголема шанса за победа.