Притвор за двајца скопјани за обид за кражба од автомобил

Од:

Триесет дена притвор им определи денеска истражен судија при Основниот суд во Тетово на Е.Џ ( 24 ) и А.С ( 31 ), двајцата од Скопје, како осомничени за обид за кражба од автомобил „Ауди“ со гостиварски таблици кое било паркирано во кругот на Државниот универзитет во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Двајцата скопјани вчера околу 14:50 часот со возило „Опел корса“ со скопски таблици влегле во кругот на ДУТ и се упатиле кон Аудито при што со погоден клуч го отвориле возилото и од задното седиште одзеле црна чанта со лаптоп.

Во меѓувреме, тие биле забележани од обзбедувањето и со нивното возило почнале да бегаат при што на еден од обезбедувачите со ретровизорот му ја повредиле раката. Нешто подоцна двајцата биле фатени, приведени и задржани во Полициската станица Тетово додека лаптопот им е одземен и вратен на сопственикот.

Сторителите се познати на службите од порано и се сомничат и за повеќе други кривични дела, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје