Експертите со две сценарија за цената на нафтата – може да стаса и до 140 долари за Барел!

Од:

Кризата во Сирија и понатаму ќе ја урива цената на златото и на нафтата, предупредуваат експертите. На њујоршката берза и сега состојбата со цените на овие два најтргувани ресурси не е сјајна. Проценките се дека крајот на годинава негативниот тренд ќе продолжи, и се очекува цената на нафтата галопирачки да паѓа.

– Конкретно за нафтата во моментов има опаѓачки тренд, причината за ваквата состојба е кризата во Сирија и во околните земји, како што е Египет. Ако ситуацијата со Сирија се смири и со Иран исто така, веќе има знаци на подобрување, тогаш може да се каже дека ќе продолжи тој опаѓачки тренд, но ако ситуацијата повторно се влоши и Америка повторно одлучи да нападне тогаш нафата може да оди нагори и до 140 долари за барел, вели Зееви Голдмен генерален менаџер на FX Lider.

На светските берзи слична е состојбата и со цената на златото, чија што цена пред се зависи од движењето на економиите во Америка и Европа.

-Златото се движи според макроекономијата во Америка и во Европа, сега и златото е во опаѓачки тренд. Ако се случи некое подобрување на економиите во овие два континента може да дојде до пораст на цената, бидејќи златото е како инструмент за заштита од инфлација, така што инвеститорите го користат како инструмент кога овие економии имаат проблеми, објаснува Голдмен.

Минатата година цената на златото уриваше рекорди, па дури земјите кои беа во криза ги продаваа своите резерви од злато.

Инаку FX Lider платформата за интернет тргување со најатрактивните финансиски производи како злато, сребро, нафта, евро, долар, пченица, кафе, пченка, и друго, во Македонија ја користат 1,3 проценти од граѓаните. Експертите од FX Lider велат дека тргувањето на глобалните пазари преку интернет може да донесе многу пари, но сепак како и во секој друг бизнис така и во овој постои ризик.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот